еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Народна банка: Долгот на домаќинствата лани пораснал за 8,9%

Со постпандемичното закрепнување на економијата што придонесе за стабилизирање на пазарот на трудот и раст на расположливиот доход, ризиците кај секторот „домаќинства“ се задржаа во контролирани рамки, со благо намалување во текот на 2021 година, соопшти Народната банка.

Според Централната банка, финансискиот имот на македонските домаќинства минатата година бележи номинален раст, највисок во изминатите десет години.

Вкупниот финансиски имот на домаќинствата, кој покрај депозитите во банките ги вклучува и другите облици на штедење и финансиско вложување на домаќинствата (како што се вложувањата во домашни и странски хартии од вредност, средствата во пензиските фондови, вложувањата во инвестициските фондови и во осигурувањето на животот, готовите пари во оптек и слично), заклучно со крајот на 2021 година, изнесува 498 милијарди денари и на годишна основа пораснал за околу 43 милијарди денари, или за 9,3 отсто.

Притоа, и во текот на 2021 година, домаќинствата тежнеат кон помалку ризични вложувања, пред сè во депозити кај банките и во приватните пензиски фондови. Ваквиот заклучок се извлекува од Извештајот за финансиската стабилност за 2021 година, што неодамна беше разгледан и усвоен од страна на Советот на Народната банка.

Учеството на вкупниот финансиски имот на домаќинствата во БДП во 2021 година изнесува 68,8 проценти и е малку повеќе од двојно повисок од нивниот вкупен долг.

Долгот на домаќинствата во текот на 2021 година пораснал за 8,9 проценти, наспроти 7,9 отсто во 2020 година, што сепак е помалку од растот на номиналниот БДП. Со ова стапката на задолженост на домаќинствата се задржа на релативно стабилно ниво од околу 30 отсто од БДП, што сè уште не е високо ниво на задолженост.

Показателите за солвентноста и ликвидносната позиција на домаќинствата засега упатуваат на релативно ограничена системска ранливост на овој сектор. Сепак, домаќинствата може да бидат чувствителни на ризиците од окружувањето, коишто заради војната во Украина се нагласени во овој период.

Повеќе информации за движењата кај секторот „домаќинства“ се достапни во новиот Извештај за финансиската стабилност на Народната банка: www.nbrm.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска само 7 нови случаи на Ковид-19, сите во Скопје

Редакција

Кирил Петков сослушан за приведувањето на Бојко Борисов

Редакција

Каков имот пријавил Петар Атанасов, заменик-министерот за образование, кој си поднесе оставка

Редакција