еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

НАСА: Минатата година беше петта најтопла година во светската историја

Минатата година беше петта најтопла година досега, а изминатите девет години беа деветте најтопли од прединдустриското време, што ја доведе во опасност целта на Парискиот договор од 2015 година, да се ограничи глобалното затоплување на 1,5 Целзиусови степени, изјавија денеска американските научници.

Минатата година е изедначена со 2015 година, како петта најтопла година од водењето евиденција кое почна во 1880 година, соопшти НАСА.

Таков резултат е забележан и покрај присуството на Ла Ниња во Тихиот Океан, која генерално благо ги намалува глобалните температури.

Просечната глобална температура сега е за 1,1 до 1,2 степени Целзиусови повисока отколку во прединдустриското време.

Националната администрација за океани и атмосфера на САД соопшти дека 2022 година е рангирана како шеста најтопла година од 1880 година. Научниците од Европската унија оваа недела посочија дека според нивните податоци, 2022 година е петта најтопла година.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Трагедија кај Ниш: Воз удри во автобус со деца, се пребројуваат жртвите

Редакција

Од Ковид-19 починале 13 лица, најмладиот на 45-годишна возраст

Редакција

Дизелот поскапува, цената на бензините останува иста

Редакција