еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Репортери без граници: Последните 20 години многу смртоносни за новинарите

Во последните 20 години вкупно 1.657 новинари починале како резултат на нивната работа, соопшти меѓународната организација Репортери без граници (РСФ) од Германија.

Повеќето од смртните случаи се предизвикани од убиства или нарачани убиства, напади, напади во воени зони или повреди, соопшти РСФ.

Се додава дека 95 отсто од сите убиени професионалци биле мажи.

Германскиот огранок на РСФ го објави извештајот по повод 20-годишнината од смртта на германскиот новинар Кристијан Либиг. Либиг беше убиен со проектил во Ирак, додека ја придружуваше единицата на американската армија за информативниот магазин Фокус. Загинаа и неговиот шпански колега од Ел Мундо, Хулио Ангвита Парадо и двајца војници.

Од 2003 година досега во Ирак се убиени вкупно 300 новинари. Ова го прави Ирак најопасната дестинација за новинарите во изминатите 20 години, соопшти РСФ, дури и повеќе од Сирија, каде што беа регистрирани 280 смртни случаи.

Следуваат Авганистан, Јемен, палестинските територии и Сомалија.

Според РСФ, во последните две децении, уште повеќе новинари се убиени во области кои се сметаат за мирни во споредба со новинарите во воените зони.

Истражувањето на организираниот криминал и корупцијата е особено опасно, велат од организацијата, на пример во Мексико, Бразил или Колумбија.

Според РСФ, Русија останува земја со најголем број на смртни случаи на новинари во Европа.

Откако рускиот претседател Владимир Путин е на власт, во земјата се регистрирани посистематски напади врз слободата на печатот, што резултираше со 37 смртни случаи на новинари, како што е убиството на Ана Политковскаја на 7 октомври 2006 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Почна да чука новото срце на 39-годишната жена на која утрово и беше извршена трансплантација

Редакција

(Фото) Писателка на насловна страна покажа како изгледа сечена града, за да го покаже несовршенството во еден фотошопиран свет

Редакција

(Фото) Македонија на исток граничи со Албанија, а на запад со Бугарија: Грешки и лоши преводи во новиот учебник по Историја и општество

Редакција