еМагазин
Image default
Македонија

Насер Зибери избран за народен правобранител

Насер Зибери е избран за нов народен правобранител. „За“ гласаа 61 пратеник од вкупниот број пратеници во Собранието, како и 26 од 41 пратеник од заедниците кои не се мнозинство. На гласањето не присуствуваа опозициските пратеници.

Зибери ќе ја наследи функцијата омбудсман од Иџет Мемети.

Откако беше одбиен предлогот на опозициските партии да се изостави од дневниот ред Предлог-одлуката за избор на Народен правобранител, 32-рата седница попладнево продолжи со расправа по предлогот на ДУИ Насер Зибери да ја извршува функцијата омбудсман.

Зибери е правник, работи како нотар, поранешен пратеник и министер, а пред шест месеци беше кандидат за премиер од партијата ДУИ која сега го предложи за функцијата.

Токму тоа беше и најспорно за пратениците од опозициските партии, според кои се работи за „пазарење со кое владејачката партија му враќа на Зибери за неговата услуга да прифати кандидатура за прв премиер Албанец“ на изборите пред шест месеци.

Бараа повлекување на предлогот зашто сметаат дека е контрадикторен и неморален, бидејќи народен правобранител треба да е аполитична личност.

Со партискиот бекграунд, смета опозицијата, кандидатот ќе нема доверба од јавноста, нема да ги штити интересите на граѓаните кога ќе бараат заштита од државни и јавни институции коишто ги раководат функционери и од ДУИ.

Зибери е роден во 1961 година во Ласкарци, Општина Сарај.

Дипломирал на Правниот факултет. Бил висок функционер на ППД, а од 1996 до 1998 година министер за труд и социјална политика во Владата на Бранко Црвенковски.

Пред да стане политичар, бил новинар. Повеќе години не е активен во политиката и работи како нотар, а за Парламентарните избори во јули минатата година беше кандидат на ДУИ за претседател на Владата, промовиран под слоганот „прв премиер Албанец“.

МИА/Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Досега изборниот процес се одвива мирно, какви нарушувања регистрираше МВР

Редакција

Лично прашање е како некој го организира просторот во својата канцеларија, вели Ковачевски за „антистрес“ терапијата на министрите на ДУИ

Редакција

Пендаровски: Заедничкото одење и чествување на Св. Кирил и Методиј со Радев е добар симболичен гест од двете страни

Редакција