НАТО го зголеми нивото на подготвеност на специјализираните единици за одговор на хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни напади поради евентуална одлука на Русија да изврши таков напад.
Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг изјави дека обучен персонал за одговор на такви напади ќе биде распореден во постоечките бази во балтичките земји и во Полска, како и во четири нови бази во Унгарија, во Романија, во Бугарија и во Словачка.
Северноатлантската алијанса планира да ја обезбеди Украина со опрема за справување со такви напади, вклучително и заштитна облека, комплети за деконтаминација и детектори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОН потврди за 36 случаи: Исчезнуваат Украинци во областите под контрола на Русија
МИА/Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.