еМагазин
Image default
Балкан

НАТО: Погрешно време е за косовска војска

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изрази жалење поради одлуката на Собранието на Косово да ги усвои законите за создавање косовска војска.

Во соопштение издадено по одлуката на косовското Собрание, Столтенберг го повтори ставот на Алијансата дека иако таа поддржува траснформација на Косовските безбедносни сили, сега е „погрешно време“ за такво нешто.

Поради оваа одлука НАТО ќе го „преразгледа“ степенот на „ангажман“ со косовските безбедносни служби.

– Двете страни мораат да се осигураат дека денешната одлука нема дополнително да ги зголеми тензиите во регионот. Сите одговорни политички актери во регионот треба да се фокусираат на реформски прогрес и на дијалог – стои во соопштението.

НАТО уште еднаш ги повика Белград и Приштина да останат „смирени“ и да избегнуваат изјави и акти кои „водат до ескалација“.

МИА/Фото: Град Скопје

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Честитка од Ахмети во воена униформа за формирање на косовската армија

Србија загрижена поради одлуката за формирање војска на Косово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Инцидент пред деца во бугарското Собрание, за малку избегната масовна тепачка

Редакција

(Видео) Турканици, пцуење и плукање: Циркуз во бугарскиот парламент

Редакција

Веста за смртта на Балашевиќ и во „Вашингтон пост“: „Остана омилен на етнички поделениот балкански регион по војната“

Редакција