еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Не чекајте ред: И од плажа може да го наполните фрижидерот со продукти

Онлајн трговијата во земјава одлично се развива и станува се поразновидна, безбедна и речиси секојдневие на секој граѓанин. Потрошувачите веќе немаат потреба да го напуштат удобниот дом или работното место за да купат домати, леб или некоја летна манџа. Ниту да се грижат како постарите членови од семејството за време на летните горештини ќе испазарат додека младите се на одмор.

Онлајн статистиките покажуваат дека Македонците сакаат да пазарат онлајн. Речиси секој втор потрошувач онлајн купил производ од македонски трговец што укажува дека потрошувачите имаат доверба во онлајн трговијата. Пазарот има голем потенцијал поради широко развиениот пристап до интернет услуги во секое ќоше од државава.

Според податоците од Државниот завод за статистика за 2018 година, речиси 80% од домаќинствата имаат интернет, 70% го користат секојдневно, а 30% од нив интернетот го користат за онлајн трговија. Токму тука трговците ја гледаат шансата да понудат поголем избор и поголема вредност за своите потрошувачи.

Маркет оналјн (www.marketonline.mk) е дел од успешната приказна на онлајн продавници и нуди можност, без разлика дали се наоѓате дома или на плажа во странство, онлајн да изберете производи, да ги платите и да оставите информација каде да бидат доставени.

Свежи, квалитетни и добро спакувани, како лично да сте пазареле, производите ќе стигнат до местото што Вие ќе го означите за достава заедно со гарантиран квалитет и рок на траење, гаранција (доколку производот има гаранција), испратница и фактура или фискална сметка за извршеното плаќање.

„Онлајн трговијата во Македонија има одличен потенцијал. Во Рептил маркети вложуваме големо внимание во развојот на овој сегмент. Современото живеење наметнува брза динамика со многу стресни ситуации. Токму тоа сакаме нашите потрошувачи да го избегнат и да добијат брза и квалитетна услуга без да го напуштат комфорот во кој се наоѓаат.

Не мора да бараат паркинг место за возилото, а може да купат сè што се продава во еден супермаркет. Нудиме можност производите што ќе ги одберат да ги подигнат сами од супермаркетот што ќе го изберат или да им ги доставиме ние. Кога потрошувачот за првпат ќе се регистрира на нашата страница добива 100 денари кои може да ги искористи за пазарење на www.marketonline.mk“, објаснува Дарко Симоновски од Рептил маркети.

Во однос на испораката, доколку има проблем да се најде адресата на купувачот, од Рептил го контактираат корисникот за повеќе детали со цел што побрзо да се испорачаат производите. Испораката се врши во периодот што купувачот го избрал за време на достава на производите.

Односно, за испорака во централно градско подрачjе, времето на испораката е минимум 120 минути од направената нарачка, додека за периферните подрачја на град Скопје, испораката е во рок од 180 минути (3 часа) од направената нарачка. За територијата на Македонија, се испорачуваат производи кои не бараат одредена температура за испорака и рокот на испорака е минимум 24 часа од направената нарачка.

Испорака на нарачките се врши секој работен ден во период од 10:00 часот до 18:00 часот и сабота во периодот од 10:00 часот до 14:30 часот. Недела и државни празници нема достава на производи. Нарачките направени секој работен ден  после 16:00 часот и сабота после 12:30 часот се доставуваат следниот работен ден, во период наведен од купувачот.

„Рептил е членка на Македонската асоцијација за е-трговија и тоа овозможува активно да ги следиме податоците за навиките на потрошувачите кои пазарат преку интернет, но и последните трендови во онлајн трговијата.

Размената на искуства и сознанија преку оваа мрежа овозможува да ги подобруваме услугите, да понудиме подобар квалитет и нашите потрошувачи да имаат поубаво искуство во однос на интеренет пазарењето“, дополнува Симоновски.

Поволностите за онлајн трговија се бројни. Онлајн пазарењето е побрзо, може да трае само неколку минути и притоа во домот да проверите што точно недостига и да го нарачате. Постапката е едноставна и може да користите компјутер, лап топ или мобилен телефон.

Понекогаш може, едноставно, само да разгледате што се нуди, а притоа никој нема да знае дека сте во продавницата. Онлајн се нудат ниски и достапни цени. Нема турканици и долги редови пред касата.

Посетете ја страната www.marketonline.mk и олеснете го вашето секојдневие, а времето кое досега сте го трошеле за пазарење ќе Ви остане за одмор и уживање со вашите најблиски.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој купи, а кој продаде акции во Реплек

Редакција

Јавниот долг во второто тримесечје порасна на 59,5 проценти

Редакција

Да и помогнеме на Калина, девојка со посебни потреби за прошетки низ Скопје

Редакција