еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

„Не постои ни еден документ дека Гоце Делчев се залагал за обединување на Македонија кон Бугарија„: Реакција на Здружението на историчари на Македонија

Здружението на историчарите на Република Македонија изразува револт и загриженост по повод најавите дека Бугарија и Република Македонија подготвуваат заедничко чествување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој се ќе биде дел од македонската и бугарската делегација за заедничко чествување на 150 години од раѓањето на Гоце Делчев

“Доколку е навистина донесена ваква политичка одлука, таа би претставувала фатален удар врз македонската самобитност.

Гоце Делчев бил еден од главните идеолози на македонската револуционерна борба од крајот на 19 и почетокот на 20 век, којшто документирано се борел и стремел за создавање на независна македонска држава, и не постои ниту еден единствен документ дека некогаш се залагал за обединување на Македонија кон Бугарија.

Тогаш се поставува прашањето на што се должи и како се оправдува потребата од заедничко чествување на Гоце Делчев?

Дали заедничкото чествување значи дека македонската страна ги прифаќа делумно или целосно бугарските тези дека Делчев бил Бугарин, кој се борел за автономија на Македонија како етапа кон нејзино обединување со Бугарија?

Дали со политичка одлука за заедничко чествување на Гоце Делчев, македонската и бугарската страна се водат според некој нов договор за којшто јавноста сè уште не е известена?

Дали со политичкиот чин на заедничко чествување на великанот на македонската борба за независност и самостојност, македонската страна ја признава бугарската теза дека Македонците се вештачка коминтерновска творба и широко ја отвора вратата за идно прифаќање на останатите бугарски тези со кои се оспоруваат македонската историја, македонскиот идентитет и македонскиот јазик и самото постоење на македонскиот народ?

Здружението на историчари на Република Македонија, ќе организира серија научни трибини, тркалезни маси, предавања и пригодни настани, со кои ќе ја одбележи 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, како и јубилејот 70-годишнината од своето основање во 1952 година“, велат од здружението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стојанче Ангелов: Гоце Делчев бил Бугарин онолку колку што се Бугари, Македонците кои денес имаат бугарски пасош

Ретка видео снимка од пренесувањето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје

Епископ Партениј: Гоце Делчев духовно и културолошки со сигурност не им припаѓа на оние кои преку социјалните мрежи истураат зборови полни со навреди, злоба и омраза

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што пишува за односите со Бугарија во извештајот на ЕК за Македонија

Редакција

Дури 5.428 работодавачи доцнат со исплата на плати

Редакција

(Галерија) Ресторан „Делфин“, убаво средено место среде зеленило, жубор на река, ранч за неповторливи доживувања

Редакција