еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Неколку илјади компании ќе платат данок за екстра профит

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи денеска на прес-конференција информира дека собраните пари од данокот за екстра профит, кој би се вовел еднаш, само за 2022 година, ќе се користат за справување со кризата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се планира данок за екстра профит за дел од компаниите со приходи над 10 милиони евра

– Не ги добиваме овие пари за што било. Ќе ги користиме за справување со кризата. На крајот на денот можеби ќе ги користиме токму за поддршка на инвестиции на компаниите за да им помогнеме во нивните напори за справување со криза, рече Битиќи.

Овој данок, како што појасни, ќе се однесува само за профитот остварен годинава и е поголем од четиригодишниот просек, а со него се очекува да се опфатат неколку илјади компании.

– Компаниите коишто евентуално ќе се опфатат со законот се сите компании кои имаат приход над 10 милиони евра во оваа година и кои имале одреден профит. Моделот е компаниите кои имаат приход над 10 милиони, ако нивниот просечен профит во последните четири години не е поголем од 12 отсто оваа година, тие нема да се опфатат.

За симулација, компанија има просечен профит последните четири години од еден милион евра, оваа година му се дозволува раст од 20 отсто, тоа значи 1,2 милиони евра. До 1,2 милиони евра ќе имаат иста даночна стапка каква што имало и сега за данокот за добивка.

Разликата од 1,2 милиони евра до евентуално новиот профит, којшто на пример е два милиони евра, односно на разликата од 800 илјади евра се пресметува 30 отсто данок на добивка само за оваа година, или дополнителни 240 илјади евра ќе бидат платени во име на данок на добивка, рече Битиќи.

Според вицепремиерот, целта не е да да казнат некого, туку сметаат дека праведноста и правичноста во секој даночен пристап треба да бидат клучни.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу позитивен на корона вирусот

Редакција

МНР побара од Софија да се огради од недоличните изјави на Џамбаски и Костадинов

Редакција

(ВИДЕО) Авиони на САД и Грција од македонското небо го поздравија нашето членство во НАТО

Редакција