еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Нема место за дивоградбите на крајбрежјето на Охридското Езеро, вели евроамбасадорот Гир

Европската Унија силно ги поддржува активностите за отстранување на дивоградбите во Охридскиот регион. Амбасадорот на ЕУ во земјата Дејвид Гир на својот твитер-профил напиша дека нема место за дивоградбите на крајбрежјето на Охридското Езеро и треба да се отстранат.

-Уникатното природно и културно богатство што го поседува регионот – признаено од УНЕСКО – мора да биде заштитено. Заштитувајќи го наследството на Охрид сега, ние исто така инвестираме во работни места и унапредувањето на услужните дејности сега и во иднина, стои во пораката на Гир.

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески јавно се заблагодари на поддршката во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО и зачувување на природното и културното наследство на Охридскиот регион.

-Особено сум горд што нашите стратешки партнери од ЕУ ги препознаваат нашите заложби за почитување на законите и владеење на правото, со што ставаме крај на децениската деградација на крајбрежјето, напиша Георгиески како одговор на пораката на евроамбасадорот Гир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маловчев, менаџер на „Куба Либре“: Доброволно ќе направевме се што треба, не добивме известување за уривање

(ВИДЕО) Со полициско обезбедување се демонтира платформата на „Куба Либре“: Почна уривањето на нелегалните објекти на најатрактивните плажи во Охрид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Климатските промени ќе предизвикаат влошување на квалитетот на воздухот, предупредуваат Обединетите нации

Редакција

Првиот контејнер со контаминирана земја од ОХИС замина за Германија

Редакција

(Фото) Тажни сцени од некогашната убавина: Преспанското езеро исчезнува

Редакција