еМагазин
Image default
Македонија

Нема место за хоспитализација на пациенти со Ковид-19 во Куманово, Струмица и Велес, ограничени капацитетие и во Скопје

Голем е бројот на пациенти кои се примаат во болниците, само вчера во болницата „8 Септември“ биле примени петмина пациенти, а на Инфективната клиника во Скопје се примени 13, соопшти министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција и апелираше да се почитуваат мерките за превенција од Ковид-19, да се носат маски и да се одржува дистанца, се со цел да се забави ширњето на вирусот.

-Навистина е голем бројот на новодијагностицирани во последните неколку денови, голем е бројот на пациенти кои доаѓаат за прием во болниците. Се пополнува капацитетот во сите инфективни оделенија, не така брзо во Скопје, меѓутоа насекаде во државата.

Во текот на вчерашниот ден немаше слободни места во Куманово, во Струмица, во Велес и тие пациенти беа препраќани во Скопје. Пет пациенти се примени во „8 Септември“, 13 на Инфективната клиника.

Таму има слободни уште десетина места и ја спремаме модуларната болница со цел да се намали притисокот кон болницата „8 Септември“ за да може другите пациенти да добиваат здравствена услуга. Може да се менаџираат болниците, имаме слободни кревети на Инфективната клиника, но целта е овој растечки тренд да го забавиме, рече министерот за здравство.

За модуларната болница, Филипче кажа дека таа е подготвена до Инфективната клиника и дека може да биде ставена во функција, а има и кадар кој е подготвен да ја менаџира работата.

-Опремата може уште веднаш да биде ставена во функција. Десетина слободни кревети има на Инфективна клиника, ќе видиме колку исписи ќе има и приеми денеска, но спремни сме тука да ги сместуваме пациентите, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратеникот на ДУИ и основач на „Пуцко петрол“, Исмаил Јахоски позитивен на Ковид-19

(Мапа) Штип останува на врвот со најмногу заразени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Вкупно 1.625 лица до 19 години во Македонија се заразиле со Ковид-19

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едно лице починало од Ковид-19

Редакција

Призма: Четвртиот осомничен во случајот со набавка на софтвер за МВР бил хонорарец во Владата

Редакција

Здравствените работници во Штип се разочарани и лути: Дел од лицата кои се во самоизолација, но и членови на нивните семејства се шетаат низ населените места

Редакција