еМагазин
Image default
Македонија

Нема разговори со Алијанса за Албанците за кадровски прашања, вели Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека се уште нема конкретни разговори со Алијансата за Албанците за програма за соработка и за кадровски прашања.

„Кога зборуваме за Алијансата за Албанците, тогаш треба да кажеме дека таа соработка треба да се направи врз основа на две претпоставки. Првата е програмско-политички и втората е кадровска и за такви се уште нема конкретни разговори, изјави денеска Ковачевски.

Ковачевски ги повтори ставот дека, според него, во државата има два концепти – едниот е „концепт за европска Северна Македонија“, односно продолжување на патот на преговори и зачленување на државата во ЕУ, а вториот, како што рече, е концептот на Левица и нивниот заложник ВМРО-ДПМНЕ против ЕУ и НАТО.

Овие партии, според Ковачевски, тоа го потврдиле, преку сите гласања до сега во изминативе 31 година.

„Нема една стратешка одлука која ВМРО-ДПМНЕ ја поддржало, за жал. За сите политички партии кои се за концептот за европска Северна Македонија вратата е отворена“, рече Ковачевски.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Состанок на општинскиот кризен штаб во Битола по серијата земјотреси

Редакција

Поглаварот Реџепи ја обвини Владата и државните органи дека се насочени против ИВЗ

Редакција

Акција на МВР во ГТЦ: Не е утврдена кражба на струја за „копање“ криптовалути

Редакција