еМагазин
Image default
Македонија

Непознато лице лажно се претставувало како вработено во УЈП со цел да оствари имотна корист

Изминативе денови непознато лице лажно се претставувало дека работи во Управата за јавни приходи (УЈП), како одговорно лице за наплата на долгови и барало пари од даночни обврзници со цел да го намали долгот што го имале спрема Управата, информираат од УЈП.

Од Управата соопштуваат дека оваа информација ја добиле денеска, и оти согласно член 391 од Кривичниот законик веднаш ја пријавиле случката во Министерството за внатрешни работи во ОВР Кавадарци.

-УЈП известува дека задолженијата што даночните обврзници ги имаат (согласно даночните решенија и пријави) и уплатите, преку носителите на платен промет и трезорскиот систем се книжат автоматски.

Само со плаќање на даночниот долг преку носителите на платен промет и трезорскиот систем може да престане обврската на даночниот должник, се вели во соопштението од УЈП, апелирајќи граѓаните да бидат вниматели и да не потпаѓаат под вакви дејствија на поединци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Бранко Црвенковски: Бугарија денес сака преку ЕУ да го добие тоа што не успеа со балканската и двете светски војни

Редакција

Филипче: Нема никаков политички интерес во намалувањето на тестирањата за Ковид-19

Редакција

Бугарскиот амбасадор Ангелов: Официјалниот став на Бугарија е Декларацијата на Парламентот

Редакција