еМагазин
Image default
Локално

Несекојдневна измама во Скопје: „Портпарол“ му зел 750.000 денари за финансирање на кампањата за претседателските избори

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Б.Н.(37) и Т.П.(58), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “измама“, информира МВР.

Првопријавениот Б.Н., во договор со второпријавениот Т.П., во април и мај 2019 година, во неколку наврати побарале и примиле парични средства во вкупен износ од 750.000 денари од раководно лице во приватна фирма. Тие го измамиле односно лажно го информирале дека паричните средства кои ги побарале ќе бидат искористени како донација за финансирање на изборната кампања на една политичка партија за претседателските избори 2019 година.

Второпријавениот на овој начин од оштетениот побарал и примил парични средства во износ од 200.000 денари. Тој се претставил лажно, како портпарол на политичката партија. После тоа, пријавените во два наврати побарале и примиле парични средства од оштетениот, во вкупен износ од 550.000 денари, наводно за финансирање на тековните трошоци на изборната кампања на политичката партија.

По добивање на пријавата, СВР-Скопје презеде соодветни мерки и со претходно издадена судска наредба извршен е претрес на дом, лице и на превозно средство заради пронаоѓање на траги и предмети при што одземени се предмети како доказ во кривичната постапка. По завршувањето на претресот, пријавените се лишени од слобода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко повреден пешак по удар од „бмв“

Редакција

872 казни на територијата на цела држава за брзо возење

Редакција

Ловџија застрелал колега од Велес

Редакција