еМагазин
Image default
Македонија

Несовесни тиквешани предизвикале пожар во Рибарци откако запалиле корења од домати

Несовесни тиквешани предизвикале пожар во Рибарци откако биле запалени корења од домати, оваа информација попладнево ја потврдија од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци, напоменувајќи дека пожарникарите интервенирале на терен и пожарот бил ставен под контрола.

Случајот бил пријавен во МВР.

– Активен е пожарот во росоманското село Рибарци, кој е под контрола. Пожарот првично е намерно запален за да изгорат корења од патлиџани, но излегува од контрола, појаснија од противпожарната служба.

Оттаму апелираа во изјава за МИА, на совесност и внимателност кај населението од Тиквешијата, особено при високи летни температури.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилепчанецот што почина од корона вирусот имал контакт со потврден случај

Редакција

Управниот суд ја прифати жалбата на Алијанса за Албанците и Алтернатива, ќе се прегласува во Дебар

Редакција

(Видео) Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ заверија на нотар изјави дека нема да прифатат промена на Уставот

Редакција