еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ заверија на нотар изјави дека нема да прифатат промена на Уставот

Вкупно 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата како гаранција кон народот, заверија на нотар изјави дека со мирна совест и здрава свест нема да прифатат промена на Устав, информираше лидерот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.

– Нема отстапување ниту милиметар од ова, нема чекор назад, бидејќи зад нас е сè што имаме, нашето достоинство, чест, и нашата Македонија, порача Мицкоски.

Тој истакна дека секојдневните протести не беа негова борба или на ВМРО-ДПМНЕ, туку на народот.

– Сакам со особено чувство на гордост да му се заблагодарам на народот кој масовно и во огромен број излезе на улиците и со денови беше тврдина на непокор. И покрај сите напади, притисоци, излезе и не отстапи, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на денешните случувања во Собранието, Мицкоски ги опиша како срам за државата.

– Ова е комплетирање на вториот дел од предавството на Заев. Предавството ќе биде немирната совест со која мора да живее секој пратеник и член на Владата што го поддржаа овој предлог. Ќе помине се и за неколку години повторно ќе треба да го погледнат народот во очи на улица.

Фокусот им е на гола борба за фотелја. Не заборавија да крадат, тендери, анекси, ама народот и Колицијата на ВМРО-ДПМНЕ е тука да ги потсети за предавството, и ударот кон државата, истакна тој.

Мицкоски порача дека избори мора да има, а ВМРО-ДПМНЕ гарантира дека внесувањето на Бугарите во Уставот нема да се случи, а за тоа гаранција се пратениците на опозицијата кои се заедно во оваа битка.

Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според Мицкоски ќе има тешка задача да го исправи тоа што актуелната власт го погреши и како што вели „да го врати украденото, а тие да одговараат за тоа што го сторија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Павле Трајанов не гласаше за заклучоците за „францускиот предлог“

Малинка Ристевска Јорданова: Собранието усвои заклучоци во кои нема ни збор за промената на Уставот, Протоколот и едностраните изјави

(Видео) Заклучоците за „францускиот предлог“ изгласани во Собранието: 68 гласа од СДСМ и сите партии на Албанците

МИА/Фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 22 лица од Ковид-19, најмладиот имал 27 години

Редакција

Кој е Јован Деспотовски, кандидат за нов претседател на СДСМ

Редакција

Новизбраните уставни судии Бозаџиева и Скендер денеска почнаа со работа

Редакција