еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Заклучоците за „францускиот предлог“ изгласани во Собранието: 68 гласа од СДСМ и сите партии на Албанците

Собранието со 68 гласа „за“ ги усвои предлог-заклочоците поднесени од СДСМ и ДУИ по расправата за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори со Европската Унија, предложена од страна на француското Претседателство со Советот на ЕУ.

Со усвоените предлог-заклучоци и се даваат насоки на Владата за што може да преговара со Европската унија.

Со заклучоците се бара безусловно почитување на јазичните, идентитетските, културните и историските особености на македонскиот народ.

Се задолжува владата во преговарачката рамка, македонскиот јазик да биде наведен без какви било додавки и фусноти и во текот на преговорите, владата да не прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа наведено во преговарачката рамка.

На гласањето не присуствуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, а денешната седница ја следеше и евроамбасадорот Дејвид Гир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Павле Трајанов не гласаше за заклучоците за „францускиот предлог“

Малинка Ристевска Јорданова: Собранието усвои заклучоци во кои нема ни збор за промената на Уставот, Протоколот и едностраните изјави

МИА/Фото: МИА/Видео: А1он.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија исфрлена од Евровизија

Редакција

(Фото) Каде е и што прави познатата манекенка и лото-девојка Натали Грубовиќ

Редакција

(Видео) Замина „принцезата“ Слаѓана Милошевиќ

Редакција