еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Ако почувствувате некој од овие симптоми можно е да е Ковид-19 и јавете се на матичен лекар, препорачуваат од Министерство за здравство

Министерството за здравство и Комисијата за заштита на населението од заразни болести активно ја следи состојбата со Ковид-19 во земјата, но и активно ги следи состојбите и на европско и светско ниво, информираат од таму.

„Неспорно е дека во нашата држава се забележува зголемување на трансмисија на коронавирус, но и дека ова е општ тренд што не може да се очекува да не одбегне.

Затоа, иако во моментот состојбата е релативно мирна, со цел да остане таква Министерството за здравство препорачува внимание и преземање мерки за лична заштита.

Ова особено се однесува, но не исклучиво, на постарите лица, лицата кои имаат една или повеќе хронични болести, и сите кои имаат намален имунитет поради која било причина,“ се вели во соопштението.

Од министерството препорачуваат, во овој период, при престојување во затворена просторија подолго време да се носат маски, а лицата од ризичните категории (наведни погоре) маска минимум ФПП2 или Н95 или ФФП3.

„Просториите во кои се престојува подолго (канцеларии, занимални во градинки, сали за состаноци и слично), како и спортски објекти, редовно да се провертуваат и да се дезинфицираат.

Да се избегнува непотребно собирање во големи групи и секогаш кога може да се одржува растојание од два метра.

Редовна хигиена и дезинфекција на раце, особено ако кивате и кашлате, а устата ја покривате со дланката наместо со внатрешноста од лактот, како што е препорачано.

Доколку почувствувате некои од стандардните симптоми (сува кашлица, температура, болки во грло, болки во мускулите и слично) веднаш побарајте помош од вашиот матичен лекар и задолжително носете маска.

Во Здравствените домови ширум државата веќе е зголемен бројот на термини за тестирање на пациенти, а само во ЗД Скопје тестирање се врши во пет пункта.

Исто така, се уште најефикасна заштита од развој на потешки форми на ковид и хоспитализација останува вакцинацијата против ковид. Така што, за целосно заштитени се сметаат тиeкои имаат примени две дози вакцини и дополнителна, т.е. бустер доза. Сите оние кои не се вакцинирале или не го завршиле целиот вакцинален циклус, се препорачува истото веднаш да го направат, а кај оние кои поминале четири месеци од бустер дозата им се препорачува и второ бустирање.

Потсетуваме дека на сила е се уште обврската за носење маски во јавен превоз, здравствени установи, аптеки и домови за стари лица,“ се додава во соопштението.

На крајот, а во услови на регионална и светска експанзија на вирусот, колку поголема лична одговорност покажеме, толку поголеми се шансите овој бран и поединечно и колективно полесно да го поминеме, односно да не дојдеме во состојба да мора повторно да се активираат некои мерки, а што е веќе случај во некои држави, велат од Министерството.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Куманово вработува пет лица, плата до 37.647 денари

Редакција

Гранит склучи договор со ЈП за државни патишта вреден 752 милиони денари

Редакција

(Мапа) Кумулативната инциденца во Куманово над 127, расте и во Штип и Кочани

Редакција