еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Финансиска полиција и МВР влегоа во скопски „Водовод“

Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи влегоа во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, потврдија за МИА од Основното јавно ибвинителство (ОЈО) и од скопски „Водовод“.

Од ОЈО велат дека е известен јавен обвинител и дека Обвинителството ќе постапи согласно надлежностите доколку органите во чија надлежност е откривањето на криминал, утврдат елементи на кривично дело.

– Во овој момент Обвинителството има консултативна и координативна улога и јавниот обвинител редовно се известува за преземените дејствија. Доколку органите во чија надлежност е откривањето на криминал утврдат елементи на кривично дело, Обвинителството ќе постапи согласно своите надлежности, велат од ОЈО.

МИА денеска упати прашања и до Финансиската полиција и Кабинетот на градоначалничката на Град Скопје, но од нив до објавувањето на веста не доби одговор.

Град Скопје неделава соопшти дека го разрешува в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Златко Перински, поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер.

По ова, оставки поднесоа и директорите на уште неколку јавни претпријатија коишто се под надлежност на Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Златко Перински, директорот на ЈП Водовод и канализација, кој е разрешен

Кој е милионскиот тендер кој ги скара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ

Перински тврди дека го почитувал законот за Пречистителната станица, Арсовска најавува документи до Обвинителството

Марјан Митовски на местото на Златко Перински во ЈП Водовод и канализација Скопје

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Мицкоски му предложил решенија на Ковачевски за „францускиот предлог“, премиерот не му одговорил

Редакција

(Во живо) Осми ден протест против францускиот предлог

Редакција

Денеска нова, онлајн, рунда преговори меѓу Русија и Украина

Редакција