еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Јован Деспотовски, кандидат за нов претседател на СДСМ

И Јован Деспотовски, актуелен в.д. директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони поднесе кандидатура за нов лидер на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Јован Деспотовски, кандидат за нов лидер на СДСМ

И Јован Деспотовски влезе во трката за нов лидер на СДСМ

Кој е Деспотовски

Тој е дипломиран економист на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и постдипломец по меѓународни односи и дипломатија на Универзитетот „Американ Колеџ“ – Скопје.

Во неговата биографија стои дека има богато искуство во областа на стратегиско планирање и координација на програмите за градење на капацитет финансирани од Владата на Македонија и од странски донатори.

“Како раководител на Сектор во Секретаријатот за европски прашања при Владата на Република Македонија учествувал во реализација на значајни проекти и тоа: реализација на Коридорот X, соработка со меѓународни финансиски институции, програмски координатор на Канцеларијата за национална помош, ја предводел работната група за составување на Прашалник на Европската Комисија за апликација на Македонија за членство во Европската Унија од областа на економијата, со што Македонија добива статус на земја членка на ЕУ“, стои во неговата биографија.

Деспотовски е и ко-оснивач на МЕНСА.

Пред да дојде на оваа функција тој беше в.д. директор на Фондот за иновации и технолошки развој.

Политичка кариера

Како што изјави деновиве тој е во СДСМ повеќе од 20 години, а важи за еден од најблиските соработници на актуелната министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска, со која работеше во Секретаријатот за европски прашања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Фросина Ременски кандидат за претседател на СДСМ: Каков имот пријавила?

Каков имот пријавил Димитар Ковачевски, кој ќе се кандидира за претседател на СДСМ

И партискиот активист Властимир Алексовски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ 

Фото: Фејсбук/Деспотовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детална листа на лица со хронични состојби кои треба да бидат ослободени од работа

Редакција

(Фото) Велешанка со инвалидитет паркирала и платила на место за инвалиди, платила казна оти не била од Скопје

Редакција

Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 во Тетово и тетовско

Редакција