еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Јован Деспотовски, кандидат за нов лидер на СДСМ

И Јован Деспотовски, актуелен в.д. директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони поднесе кандидатура за нов лидер на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Јован Деспотовски, кандидат за нов претседател на СДСМ

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциска комисија, кога беше на претходната функција – в.д. директор на Фондот за иновации и технолошки развој.

Каков имот пријавил

Според неговиот анкетен лист на свое име пријавил куќа во Крушево од 133 метри квадратни и во Скопје од 150 метри квадратни.

Пријавил и три стана во Скопје од по 41,45 и 64 метри квадратни, како и деловен простор во Скопје од 29 метри квадратни.

На име на сопругата пак пријавил имот од 316 метри квадратни во Гостивар, кој е подарок и земјоделско земјиште во Скопје.

Вози Голф 5, а пријавил и акции, но не навел каде.

Пријавил и побарувања, рента, како и девизни и денарски депозити на име на децата и сопругата.

Има и кредит од 7,2 милиони денари, кој треба да го врати до 2041 година и заем од 1,5 милиони денари, кој треба да го врати до 2025 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Фросина Ременски кандидат за претседател на СДСМ: Каков имот пријавила?

Каков имот пријавил Димитар Ковачевски, кој ќе се кандидира за претседател на СДСМ

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој го сликаше записникот за сведочењето на Камчев за „Рекет“?

Редакција

На маж од ресенското село Асамати му се слошило додека возел и починал

Редакција

Убава вест: Оздравеа нови 97 заболени од корона вирусот, вкупната бројка до сега е 4.565

Редакција