еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Половина од починатите од Ковид-19, починале во рок од 8 дена по хоспитализација

Вкупно 30.136 лица биле хоспитализирани од Ковид-19 од почетокот на епидемијата во Македонија (26.02.2020 до 30.09.2021 година), од кои 6.542 починале (21.708% од хоспитализираните).

Ова го покажува истражувањето спроведено од д-р Харис Бабачиќ, магистер по епидемиологија и докторанд-истражувач на Институтот Каролинска (Стокхолм, Шведска), во соработка со Жаклина Чагороска од Управата за електронско здравство при Министерството за здравство.

Просечната возраст на хоспитализираните изнесувала 61 година, а 56.5% од нив биле мажи. Од хоспитализација до смрт поминувале во просек 14.8 дена, а половина умреле во рок од 8 дена по хоспитализација.

За процената на вакциналната ефективност, сите оние кои биле хоспитализирани пред да бидат вакцинирани со прва доза беа класифицирани како невакцинирани случаи, бидејќи не биле изложени на вакцинација пред да бидат хоспитализирани.

Од 15.01.2021 до 30.09.2021 година, од вкупно 16.691 хоспитализации, 1.114 биле регистрирани по вакцинација кај 701.148 целосно вакцинирани (0.159%), додека 15.577 хоспитализации биле регистрирани кај 1.119.139 невакцинирани (1.391%).

Грубата процена на ефективноста на примени две дози од било која вакцина во спречување хоспитализација изнесува 88.727%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За девет месеци, од Ковид-19 починале 179 од 712.587 целосно вакцинирани, а 3.642 од 1.106.574 невакцинирани

Мажите со Ковид-19 во Македонија, имаат околу 23% поголем ризик од хоспитализација од жените

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регулаторната комисија за енергетика вработува шест лица, плата до 53.413 денари

Редакција

Советот на јавни обвинители едногласно ја отфрли жалбата на Русковска за суспензијата

Редакција

Собранието пред распуштање, претходно пратениците треба да гласаат за законите за ЈО, за Советот на јавни обвинители и за одбрана

Редакција