еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

За девет месеци, од Ковид-19 починале 179 од 712.587 целосно вакцинирани, а 3.642 од 1.106.574 невакцинирани

Од вкупно 3.947 регистрирани смртни случаи од Ковид-19 во периодот од 15 јануари 2021 до 30 септември 2021, само 179 смртни случаи биле регистрирани кај 712.587 индивидуи кои биле целосно вакцинирани (0.0251%), додека 3.642 смртни случаи биле регистрирани кај 1.106.574 индивидуи кои не биле вакцинирани (0.329%), покажува анализата спроведена од страна на д-р Харис Бабачиќ, магистер по епидемиологија и докторанд-истражувач на Институтот Каролинска (Стокхолм, Шведска), во соработка со Жаклина Чагороска од Управата за електронско здравство при Министерството за здравство.

„Со тоа, грубата процена на ефективноста на две дози вакцина од било кој производител во спречување смрт од Ковид-19 изнесуваше 92.39%,“ се вели во првичната сеопфатна анализа на ефективноста на вакцините против Ковид-19, во спречување хоспитализација и смрт од Ковид-19 кај македонската популација.

Имено, биле следени сите корисници на националниот електронски здравствен систем „Мој Термин” од денот на првата регистрирана вакцинација (15 јануари 2021) до 30 септември 2021.

Вкупно 1.886.124 граѓани на возраст од 11 години и постари биле вклучени во анализата, вклучувајќи 779.558 вакцинирани испитаници кои примиле бар една доза вакцина и 1.106.566 невакцинирани испитаници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мажите со Ковид-19 во Македонија, имаат околу 23% поголем ризик од хоспитализација од жените

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија гласа за промена на името и членство во НАТО и ЕУ

Редакција

Доктор Беќаровски: „Ковид-сертификатите се комплетно смешни во ерата на омикрон сојот, тргнете ги покажете оригиналност“

Редакција

Кои министри заминуваат: Димитров нема да биде дел од новата Влада

Редакција