еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Мажите со Ковид-19 во Македонија, имаат околу 23% поголем ризик од хоспитализација од жените

Постарата возраст и машкиот пол значително ја намалуваа ефективноста на вакцините, при што граѓаните на возраст од 65 и повеќе години имаа околу 76% поголем ризик да бидат хоспитализирани од оние под 65 години, а мажите имаа околу 23% поголем ризик од хоспитализација од жените.

Ова го покажува истражувањето спроведено од д-р Харис Бабачиќ, магистер по епидемиологија и докторанд-истражувач на Институтот Каролинска (Стокхолм, Шведска), во соработка со Жаклина Чагороска од Управата за електронско здравство при Министерството за здравство.

Во првична сеопфатна анализа на ефективноста на вакцините против Ковид-19, вакцините во спречување хоспитализација и смрт од Ковид-19 кај македонската популација, беа следени сите корисници на националниот електронски здравствен систем „Мој Термин” од денот на првата регистрирана вакцинација (15 јануари 2021) до 30 септември 2021 година.

„Поради тоа што популацијата вакцинирани беше во просек речиси 10 години постара од популацијата невакцинирани и затоа што вакцините од различни производители се нудени на различни возрасни групи, процената на ефективноста беше коригирана за пол и возрасни групи (граѓани од 65 години нагоре наспрема помлади од 65 години).

Со тоа, коригираната ефективност на примени две дози од било која вакцина во спречување хоспитализација изнесуваше 90.604%,“ се вели во истражувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За девет месеци, од Ковид-19 починале 179 од 712.587 целосно вакцинирани, а 3.642 од 1.106.574 невакцинирани

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нејасностии за роамингот на Западен Балкан, го почитуваат ли сите оператори договорот?

Редакција

СДК: Натепаниот секретар на бугарскиот клуб минатиот декември бил фатен со кокаин, го натепале лица повеќе пати пријавувани за нарушување на ред и мир

Редакција

Вкупно 3.424: Од Ковид-19 починаа 21 лице

Редакција