еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Велешанка со инвалидитет паркирала и платила на место за инвалиди, платила казна оти не била од Скопје

Билјана Гаврилова Станковска, велешанка со инвалидитет во Скопје паркирала и платила на место за инвалиди, но платила казна од 3.000 денари, оти не била од главниот град.

Таа своето искуство го сподели на Фејсбук.

„Денес сум толку изреволтирана, толку дискриминирана, толку очајна што воопшто живеам во оваа наша никаква државичка, ај да кажам и зошто.

И покрај сите предизвици и препреки што ми ги нанел и нанесува животот, наместо ова наше општество (ако може да се каже така) да ни ги олесни работите како лица со посебни потреби, тоа нас не удира по нос.

Отидени во Скопје нормално по болници, на враќање паркирани на автобуска станица на паркинг означен за инвалидни места, колата означена со знак за инвалид, со членската од Здружение на лица со посебни потреби ставена на шалтабла, пратена порака.. Ни ставаат блокада.

Се јавуваме на бројот нормално залепен на возачката врата, доаѓаат дечките од Градски паркинзи, ги прашуваме зошто е блокадава кога се е уредно направено по правила, овие првично велат дека цитирам: ”Aма вие сте од друг град”. Ко божем мајко мила јас кога ќе отидам во Скопје инвалидноста ми завршува и не смеам да паркирам на место означено за инвалиди.

Му велам: ”Кога веќе вака ставате блокади на инвалидни возила паркирани на инвалидско место што не се од Скопје, тогаш напишете некаде дека паркингов важи само за возила од Скопје“. Чудно ме гледа.

Второ велам: “Запознати со тоа што град Скопје за возилата од други градови не дозволува бесплатни паркинзи, си пративме порака и покрај тоа пак блокада“

На тоа ми одговара: “Кога си паркиран на инвалидско место пораката не важи”. Молам?!

Кого и како правите будала! Во нормална држава и во останатите градови во нашава ни државичка нигде не е проблем да се паркираш на инвалидно место со инвалидско возило, иако си од друг град/држава, па дури и да не платиш паркинг. Само Скопјево е некоја посебна држава изгледа со некој нивни дискриминирачки правила!

Се јавува батето во централа, прво чекаме едно 15 минути за да го решат “проблемов”, ѕвонат од таму човекот си се трга настрана (за да не се слушне што се убедуваат) разговара едно 5 минути, се враќа и вели: ”Од таму велат мора да си ја платите казната”, стои во статусот на Гаврилова Станковска.

Фото: Фејсбук/Гаврилова Станковска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Водачот на групата од Грчец се сликал со Меси, но и со македонски функционери, а го има и во „бомбите„

Редакција

Убава вест: 71 оздравени од Ковид-19

Редакција

(ВО ЖИВО) Пресуда за Мијалков за предметот „Таргет-Тврдина“, од домашен притвор донесен во Кривичен суд

Редакција