еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Водачот на групата од Грчец се сликал со Меси, но и со македонски функционери, а го има и во „бомбите„

Шеваљ Муареми, водачот на криминалната група од Грчец, кој не е достапен за органите на прогон, на социјалните мрежи, додека престојувал во Шапанија, од Ибица, има и заедничка фотографија со еден од најдобрите фудбалери во светот, Лионел Меси.

Според медиумите тој моментално се крие во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е водачот на криминалната група од Грчец, кој не е достапен за органите на прогон

Меси сигурно не знаел кој е 46-годишниот жител на Грчец, но македонските партиски и државни функционери со кои исто така се фотографирал би требало да знаат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За кои три убиства се сомничи кримналната групата од Грчец

На фотографија што се споделува на социјалните мрежи тој е во друштво на функционерот на владејачката ДУИ, Блерим Беџети.

Името Шеваљ, како што пренесе Фокус, се споменува и во т.н. бомби.

За извесен Шеваљ во една од „бомбите“ зборуваат поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, а во нивниот разговор се спомнува и Беџети.

Во друга „бомба“ името Шеваљ се споменува во разговор меѓу Мијалков и поранешната судијка Софија Лаличиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притвор за петмина од уапсените во акцијата во Грчец, 10 лица се во бегство

(Видео) Сузбиена криминална група од Грчец, инволвирана во убиства и трговија со дрога

Фото: Фејсбук/Инстаграм/Муареми

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со „заминувањето„ на Груевски

Редакција

Колку ќе загуби државата од измените на Законот за игрите на среќа?

Редакција

Убава вест: Оздравени 85 заразени од Ковид-19

Редакција