еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој е водачот на криминалната група од Грчец, кој не е достапен за органите на прогон

Водач на криминалната група од селото Грчец, која се сомничи за три убиства и еден обид за убиство и за трговија со дрога е 46-годишниот жител на селото, Шеваљ Муареми, кој не е достапен за органите на прогон.

Пет лица од уапсените вчера добија притвор, а десет лица меѓу кои и Муареми се во бегство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За кои три убиства се сомничи кримналната групата од Грчец

Според телевизијата Телма Муареми подолго време е надвор од Македонија, а според информации на телевизијата се крие во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кој е Раде Трајковски Штекли, кој по вторпат е мета на вооружен напад

Според телевизијата во Дубаи, периодов бил и Раде Трајковски Штекли од Скопје, врз кого имаше два обиди за убиство во Ист гејт Мол.

Штекли, според полициски извори на Телма, како човек под заштита на ривалската група Беланоца, бил во Дубаи за да се смири непријателството со Муареми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) И советник на Алијансата за Албанците меѓу уапсените во полициската акција во Грчец, партијата го суспендираше

Притвор за петмина од уапсените во акцијата во Грчец, 10 лица се во бегство

(Видео) Сузбиена криминална група од Грчец, инволвирана во убиства и трговија со дрога

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето за „27 април“, најавено сведочење на 15 пратеници

Редакција

Џафери: Иванов „ги помешал лонците“, можно е одговорност да се бара од него

Редакција

Сите детали: Новозаболените со коронавирусот се на возраст од 30-39 години, 11 поврзани со потврдени случаи

Редакција