еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

(Фото) Кој е Раде Трајковски Штекли, кој по вторпат е мета на вооружен напад

За два месеци на истото место, во скопскиот трговски центар Ист Гејт, повторно е нападнат Раде Трајковски Штекли (39).

Освен тој, повредено е и другото лице кое било во негово друштво, а како што информираа од МВР и двајцата завршиле во болница. Според последните информации и двајцата се во стабилна, но животнозагрижувачка состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вознемирувачко видео од нападот на Раде Трајковски Штекли во Ист Гејт

(Фото) Веста за пукањето во Ист Гејт одекна и во регионов

Медиумите објавија и вознемирувачко видео од вооружениот напад, а МВР објави фотографија од напаѓачот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) МВР објави фотографија од напаѓачот на Раде Трајковски Штекли во Ист Гејт

Кој е Раде Трајковски Штекли

Тој неофицијално се поврзуваше со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев, по што за него беше распишана и меѓународна потерница.

Беше екстрадиран по апсење во Србија во 2021 година и одлежа шест-месечна затворска казна во затворот во Шутка за друго дело.

По првичните сомнежи, во истрагата за убиството на Јанушев, не беа најдени докази за Трајковски и тој не беше обвинет.

Штекли беше уапсен и во Атина, Грција, во 2011 година како осомничен во Италија за местење на фудбалски натпревари. Тогаш беше екстрадиран во Италија каде имаше и судење за големиот случај со наместени натпревари во италијанскиот фудбал.

Не се откри кој пукаше во него во август

На крајот од август, Штекли беше нападнат од две маскирани лица, на паркингот во Ист Гејт.

Како што објавија тогаш медиумите најверојатно го спаси блендираниот автомобил во кој се возел.

Возило во кое беа маскираните лица подоцна беше пронајдено запалено кај езерото Треска, скопско.

Се претпоставува дека и тој напад и вчерашниот се поврзани со криминална пресметка, а како што пишуваа медиумите многу индиции водат дека зад истите стои новата криминална група „Барон“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Ист Гејт со детали за пукањето во молот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како тоа го прави Груби: Коалционите партнери на Заев „летат“ орли кај ќе стигнат

Редакција

73,9% од лицата кои починале од Ковид-19 имале претходно заболување, најчесто кардиоваскуларна болест

Редакција

Каква е симболиката на црвеното велигденско јајце

Редакција