еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Притвор за петмина од уапсените во акцијата во Грчец, 10 лица се во бегство

Судии на претходна постапка од Основниот кривичен суд, постапувајќи по предлог на Основното јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција им одредија 30 дена притвор на вчера уапсените во полициската акција во Грчец, инволвирани во убиства и трговија со дрога, информираа од Кривичниот суд Скопје.

-Прифатен е предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и на: ШБ., Ф.Б., Н.И., Ф.С., и С.А. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека за О.П. го прифати предлотог за определување мерки за претпазливост односно oдземање на патна исправа и забрана за издавање нова, забрана за напуштање живеалиште односно престојувалиште и обврска за јавување во суд, соопштија од Судот.

Од Судот информират дека е прифатен предлогот за определување притвор за уште 10 лица, кои се опфатени со акцијата, но тој ќе стане ефективен откако ќе бидат пронајдени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) И советник на Алијансата за Албанците меѓу уапсените во полициската акција во Грчец, партијата го суспендираше

(Видео) Сузбиена криминална група од Грчец, инволвирана во убиства и трговија со дрога

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 300 случаи на Ковид-19 од 2.493 тестови, 59 се реинфекции

Редакција

Пуштен во употреба нов инвестициски проект на „Алкалоид“ вреден 3,8 милиони евра

Редакција

A1 Македонија го имплементираше Смарт сити Дојран

Редакција