еМагазин
Image default
Бизнис

Нето надворешниот долг намален за 95 милиони евра

На крајот на првиот квартал од 2021 година нето надворешниот долг изнесува 3.297 милиони евра или 28,4 отсто од бруто-домашниот производ (БДП), што е квартално намалување за 95 милиони евра, соопшти денеска Народната банка (НБ).

Од аспект на структурата, и натаму поголемо учество во вкупниот нето-долг има приватниот нето-долг,  61 процент.

Според НБ, бруто надворешниот долг изнесува 9.833 милиони евра или 84,8 отсто од БДП, што е квартално зголемување од 1.203 милиони евра, додека бруто надворешните побарувања изнесуваат 6.537 милиони евра или 56,4 отсто од БДП и има зголемување од 1.298 милиони евра.

Негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) изнесува 6,985 милиони евра или 60,2 процента од проектираниот БДП за 2021 година и на квартална основа бележи намалување за 35 милиони евра. Од аспект на структурата на нето МИП, најголемиот дел или 83 проценти се нето-обврски врз основа на директни инвестиции, главно врз основа на сопственички капитал.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Лукоил“ го доби тендерот на МЕПСО за набавка на гориво вреден 354.000 евра

Редакција

Претседателот и членовите на Регулаторна за енергетика имаат повисоки плати од премиерот и министрите

Редакција

Љупка Ѓорѓиевска на местото на Игор Давчевски во Управниот одбор на КИБС

Редакција