еМагазин
Image default
Балкан

(Видео+фото) Невремето „Даниел“ предизвика проблеми и поплави во одредени делови на Грција

Поплави и проблеми во градовите Волос и Ламиа во централна Грција, како и на островите Крф и Скијатос, предизвика невремето „Даниел“ што од вчера ја зафати земјата и донесе обилни врнежи од дожд, молњи, засилен ветер и забележлив пад на температурата, јави дописничката на МИА од Атина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еден загинат и еден исчезнат во поплавите во грчкиот град Волос

Најголеми проблеми има во Волос, каде што голем дел од улиците се поплавени, а во прекин е и железничката линија што го поврзува градот со Лариса.

Преку бројот 112 за итни случаи вчера до жителите на пет области во северна и централна Грција беше испратена предупредувачка порака за опасни временски појави и ограничување на движењата.

Невремето се очекува да трае до утре, а прогнозите се дека и во текот на денешниот ден обилни врнежи од дожд ќе има во северна и централна Грција, во делови на Пелопонез, на островите во Јонското море, итн..

За невремето „Даниел“, министерот за цивилна заштита и климатски кризи на Грција, Василис Кикиљас вчера рече дека станува збор за „екстремен природен феномен“ и истакна дека е потребан внимателност од сите, како од властите така и од граѓаните.

МИА/Фото/видео: Unsplash/Твитер/ProNews

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ова е последниот танц со короната, сите ќе се заразиме“, предупредува српски доктор

Редакција

Грција се уште не ги ратификувала меморандумите со Македонија, оти не и е национален интерес

Редакција

(Видео) Спектакуларен огномет за дочекот на Новата година во Белград

Редакција