Во годишниот извештај за работењето лани објавен преку Македонската берза, НЛБ Банка АД Скопје меѓу друго објави податоци и за надоместоците на членовите на Надзорниот одбор (НО).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НЛБ Банка ги објави платите на Управниот одбор
На независниот член на НО, Зоран Јовановски на име месечен надоместок и учество на седници во 2025
година му бил исплатен бруто-износ од 1.231.706 денари (годишно).
На независниот член на НО, Наташа Пукл, пак и бил исплатен бруто-износ од 1.026.423 денари.
Согласно со Законот за трговските друштва, Банката е должна во годишниот извештај да ги објави
и примањата коишто членовите на органите на надзор и управување ги остваруваат од членството
во органи на управување во други друштва или доколку имаат засновано работен однос кај други
работодавачи.

-Поради доверливост на податоците за четири членови – нерезиденти на Надзорниот одбор (Блаж Бродњак – претседател до 16.03.2025 година, Хедвика Усеник – претседател од 17.03.2025 година, Кристина Ковачич Бјелајац, Андреа Стражишар, Боштјан Ковач до 12.09.2025 година и Алеш Ипавец од 13.09.2025 година), сите вработени кај работодавачот НЛБ д.д. Љубљана, примањата за 2025 година се искажани во збирен бруто-износ: висина на бруто-плата од 1.243.495,08 евра и варијабилен дел на плата во бруто-износ од 14.254,92 евра, стои во извештајот.
Останатите членови кои се независни членови, лани ги имале следните примања:
Зоран Јовановски – резидент, бруто-плата во износ од 3.394.353 денари, надоместоци од плата во бруто-износ од 950.419 денари и други права – 49.766 денари.
Наташа Пукл – нерезидент, бруто-пензија од 13.694,12 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ














