На престојното Собрание на акционери на НЛБ Банка АД Скопје, една од предлог одлуките е и исплата на дивиденда, соопшти Банката преку Македонската берза.
-Согласно Одлука за употреба и распоредување на остварената добивка по годишна сметка и финансиските извештаи на НЛБ Банка за 2022 година и акумулирана добивка од 2021 година, на акционерите им се исплатува дивиденда во бруто износ од 2.076.222.291 денари: 1.702.997.634 денари од реализираната добивка од 2022 година и 373.224.657 денари од акумулираната добивка за 2021 година.
Износот на бруто дивидендата по акција изнесува 2.431 денари, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прилепска Пиварница ќе дели дивиденда од 400 денари по акција
Македонски телеком ќе дели дивиденда
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.