еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Макпетрол ќе дели дивиденда од 3.300 денари бруто по акција, највисока во споредба со сите компании чии акции котираат на Македонската берза

На престојното Собрание на акционери на Макпетрол АД Скопје една од предлог-одлуките е и распредлба на добивката од минатата година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

-Тековната добивка за 2022 година во износ од 1.290.959.428 денари се распоредува на: дел за задолжителна општа резерва – 64.547.971 денари, дел за исплата на дивиденда – 333.775.200 денари,  дел за посебни резерви за стекнување сопствени акции со откуп – 300.000.000 денари, дел за исплата на членовите на Управниот одбор – 30.620.000 денари, дел за исплата на раководните лица – 8.450.000 денари, дел за исплата на вработените -110.000.000 денари, дел за инвестиции – 300.000.000 денари, дел за пренос на добивката во наредната година – 143.566.257 денари, соопшти компанијата.

Износот на дивидендата по акција е 3.300 денари бруто, што е најголема сума по вредност намената за таа цел од сите компании кои котираат на Берзата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макпетрол лани двапати ги зголемил платите на вработените

Макпетрол лани со добивка и раст на приходите за 67,29%

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регулаторна комисија за енергетика почна постапки за одземање на лиценците на двајца снабдувачи со струја

Редакција

Со 62 гласа „за“ и 51 „против“ Македонија доби нова Влада

Редакција

Растат трошоците на градежниците: Ќе има ли зголемување на цените на становите?

Редакција