еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Со 62 гласа „за“ и 51 „против“ Македонија доби нова Влада

Македонија доби нова Влада. Синоќа пред полноќ мандатарот Зоран Заев, а сега веќе старо-новиот премиер доби подршка да ја предводи новата Влада.

За новата Влада „за“ гласа 62 пратеници, а 51 „против“.

Во завршното обраќање пред пратениците Заев рече дека државата, која сега е членка на НАТО и има одлука за преговори со ЕУ, со посветеност и заедничка работа ќе има институции со кои ќе се гордеат сите.

Најави целосна посветеност на економијата, јакнење на економскиот стандард, перспективи за младите во приватниот сектор, привлекување што е можно повеќе странски инвестиции, привлекување на домашниот капитал да влезе во инвестиции, намалување на непродуктивните трошоци во администрацијата и посилно и поквалитетно здравство.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно заболени 219 пациенти: Регистрирани 18 нови случаи на корона вирус, од кои 11 во Скопје

Редакција

Пописот е неуспешен, велат од Социјалистичката партија на Македонија

Редакција

Топ 10 најголеми должници на Листата на должници на УЈП

Редакција