еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) Димитров со трогателен статус и заедничка фотографија се прости од мајка му Ратка

На својот Фејсбук профил, поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров со заедничка фотографија и трогателен статус се проости од неговата мајка Ратка Димитрова.

“Беше полна со љубов, грижа и чиста енергија, Ратка, моторот на Димитрови. Ведрина, радост и бодрење, поткрепа даваше широкоградо, на толку многу луѓе.

Македонските маки ги доживуваше како да се нејзини лични. Го береше гајлето на нацијата. Блескаше што и да фатеше, од фамилијата, па животниот повик – музиката, до општото, каде имаше само идеали и една чудесна и чиста наивност, толку многу потребна во политиката денес. Синоќа, во последниот повик до татко ми, на крајот го прашала каков бил денот во Собрание.

Со чувство на бескрајна благодарност, исконска љубов, восхит и огромна тага, да ти биде светол патот мајко моја јунак! Се гордеам што сум твој син“, напиша тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина Ратка Димитрова, пратеничка од првиот состав на Собранието, мајка на поранешниот министер Димитров

Фото: Фејсбук/Димитров

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема нови препораки од Комисијата за заразни болести, потсетуваат на постојните мерки за заштита

Редакција

Петиција: Детската болница Козле да се преименува во Трајче Нешковски, неодамна починатиот млад лекар

Редакција

(Видео) Клиниката „Жан Митрев“ функционира сто проценти со сите свои капацитети на сите оддели

Редакција