еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Петиција: Детската болница Козле да се преименува во Трајче Нешковски, неодамна починатиот млад лекар

На социјалните мрежи се споделува петиција во која се бара детската клиника Козле да се преименува во Трајче Нешковски, неодамна починатиот млад лекар.

„Како Здружение на лекари специјализанти (ЗЛС) чувствуваме потреба за покренување на иницијатива пред раководните и одговорни органи во државата за преименување на детската болница „Козле” во  чест на нашиот колега Д-р Трајче Нешковски.

Со овој чекор сакаме да ја подигнеме свеста за неговото дело, големина, заложби и пожртвуваност да помогне на пациентите и луѓето, но и на целиот здравствен систем.

Сведоци сме за особеното ангажирање на Трајче Нешковски, од самиот почеток кога беше активно вклучен во работата на Ковид-19 центарот во Детската болница „Козле“  што дотолку повеќе ја потенцира неговата величина и го отсликува неговиот карактер и душа.

Како негови колеги чувствуваме одговорност и потреба постхумно да направиме напори пред општество да ја издигнеме големината на Трајче – како благороден и хуман човек, здравствен херој, неговото дело да биде етаблирано и признаено, како во лекарската фела, така и во општеството.

Да се обидеме неговото дело вечно да остане запаметено меѓу нас, предавајки го неговото наследство на идните генерации,“ се вели во петицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина младиот доктор Трајче Нешковски и активист на СДСМ: Неофицијално му се слошило пред да причини сообраќајна несреќа на Рузвелтова

Фото: Фејсбук/Нешковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Прв пат успешно изведена ретка хибридна интервенција на срцето кај доенче

Редакција

Почина филмскиот продуцент Горјан Тозија

Редакција

(Фото) Заев на ифтар со шеикот Ал Нахјан во Обединети Арапски Емирати

Редакција