еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Почина младиот доктор Трајче Нешковски и активист на СДСМ: Неофицијално му се слошило пред да причини сообраќајна несреќа на Рузвелтова

Денеска попладнево на Рузвелтова се случи страшна сообраќајна несреќа во која животот го загуби младиот лекар Трајче Нешковски, а воедно и активист на СДСМ.

Неофицијално, на Нешковски му се слошило пред да причини сообраќајна несреќа кога најпрво удрил во автомобил, а потоа во дрво.

Нешковски со возило на Брза помош бил пренесен на Клиника, но по обидите за реанимација им подлегнал на повредите. Телото е дадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Вечерва на социјалните мрежи од него се простуваат неговите сопартијци, колеги, пријатели, другари.

„Со огромна болка и неверување ја примивме веста за прераната смрт на нашиот колега д-р Трајче Нешковски од Клиниката за пулмологија и алергологија. Изразуваме длабоко сочуство до семејството и пријателите.

Изгубивме врвен млад професионалец, искрен другар и ХЕРОЈ во буквална смисла на зборот, кој изминативе месеци деноноќно посветено работеше на прва линија во ковид центрите, борејќи се за здравјето и животот на секој пациент. Почивај во мир,“ напишаа од Лекарска комора на Македонија.

Длабоко ме погоди веста за смртта на нашиот сопартиец, млад доктор, пулмологот Трајче Нешковски, долгогодишен член на…

Posted by Zoran Zaev on Среда, 14 октомври 2020

Денеска изгубивме другар и доктор кој целосно се даваше за грижа и третман на нашите пациенти, родители, роднини,…

Posted by Венко Филипче on Среда, 14 октомври 2020

Ќе ја чувам оваа слика Трајче.Симбол беше и ќе останеш за сето најдобро собрано во еден човек.Другар,борец,професионалец,срце планина.Почивај во мир 🙏🏻

Posted by Sanja Lukarevska on Среда, 14 октомври 2020

Фото: Фејсбук/Нешковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Дона-М“ го доби тендерот на МВР за набавка на џемпери

Редакција

„Дамјанов ДЕЛ“ и „Годомин“ го добија тендерот на МВР за набавка на заштитни маски и комбилизони вреден 1,5 милиони евра

Редакција

Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајка на патот Неготино – Кавадарци

Редакција