еМагазин
Image default
Македонија

Филипче тврди дека има слободни кревети за пациенти со Ковид-19

Министерот за здравство Венко Филипче денеска во изјава за медиуми се осврна на состојбата со болничките капацитети, особено на интерните клиники кои од неодамна хоспитализираат пациенти со Ковид-19.

Согласно утринскиот извештај на установите кои згрижуваат ковид пациенти, на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 20, а на Институтот за ТБЦ 54 пациенти.

Во моментов слободни места има доволно во ковид центрите на интерните клиники, а се очекува во тек на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември, каде во моментов се сместени 161 односно 79 пациенти соодветно.

„На Интерните клиники има слободни кревети, пристап до кислород и сé што е потребно за лекување на пациентите.

Огромен е притисокот во изминатите денови меѓутоа со ова дополнително обезбедување на болнички капацитети, оспособување на интерните одделенија, подготовката на кадарот, системот на ротација, обезбедени се слободни капацитети.

И за периодот којшто доаѓа имаме план за сместување на пациенти и на други интерни клиники и секако план за распоред на стручниот кадар, лекари интернисти и медицински сестри коишто ќе работат со ковид пациенти.

Во овој момент сé уште нема потреба да се менува системот за закажување „МојТермин“ меѓутоа, спремни сме да ако дојде до тоа, практично, се намали редовниот програм во повеќе болнички установи, не само со цел да се обезбеди доволно сместувачки капацитети туку и кадарот да биде на располагање,“ изјави Филипче.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

54-годишен затвореник починал во ГОБ „8 Септември“

Редакција

Заев сведочеше за настаните од 27 април: Стравував дека ќе ми заврши животот

Редакција

Ѓоргиев оптимист дека побрзо ќе се постигне согласност меѓу бугарските и македонските историчари за периодот на Втората светска војна

Редакција