еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Обединети Арапски Емирати ни донираа 10 тони медицинска опрема за борба против Ковид-19

Во духот на билатералните пријателски односи меѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати вчера на аеродромот во Скопје пристигна 10 тони помош за борбата против пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Доделената помош е во рамките на Емиирејтс еид (ЕMIRATES AID – COVID19 GLOBAL RESPONSE) под покровителство на Шеикот престолонаследник и заменик врховен командант на вооружените сили на ОАЕ, Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, принцот на Абу Даби, информираат од Министерството за здравство.

Министерството за здравство доби донација од заштитни маски, скафандери, визри, заштитни наочари  и ковид тестови од Обединетите арапски емирати. Опремата и тестовите во текот на наредните денови ќе бидат распределени низ болниците во земјава.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа  

Редакција

НЛБ Банка – носител на признанието „Компанија ориентирана кон луѓето“

Редакција

Попова Шапка доби Информативно-едукативен центар и две соларни еко-зони за одмор во две бачила

Редакција