еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ѓоргиев оптимист дека побрзо ќе се постигне согласност меѓу бугарските и македонските историчари за периодот на Втората светска војна

Копретседателот од македонска страна во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев е оптимист дека побрзо ќе се постигне согласност меѓу бугарските и македонските историчари за периодот на Втората светска војна.

Тој, во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, меѓутоа, очекува жестока дебата меѓу историчарите од двете земји за крајот на 19 и почетокот на 20 век.

– Јас сметам дека тука е многу појасна ситуацијата, јас се плашам ако трае работата на Комисијата во следните години, крајот на 19 век, почетокот на 20 век, ќе биде многу проблематичен.

Периодот на Втората светска војна е многу јасен, нема за што да дебатираме. Постојат документи од бугарските архиви, од бугарската Влада дека се подготвуваат да извршат окупација на Македонија.

Искрено тука не очекувам поголема дебата и одолговлекување, бидејќи ние тука сме на многу посигурен терен, постојат еден куп документи за нашата борба во Втората светска војна, за идеите за кои се борат Македонците. Јас сум тука прилично голем оптимист дека ќе можеме полесно да се договориме, рече Ѓоргиев.

Според него, нападите и изјавите од страна на колеги историчари од земјава создале една непријатна атмосфера кон работата на Комисијата, и особено, вели, во јавноста која не е директно запознаена со работата на Комисијата.

– Јас не знам на што се должи тоа, никогаш тие колеги не дошле да прашаат за што ние разговараме, кои се нашите намери, кои се нашите идеи за препораките. Нивните пишувања најчесто се изјави и тоа не од страна на македонски политичари, туку од бугарски. Доколку некој во Бугарија изјави тоа е апсолутна вистина и тие го земаат тоа како основа за свои пишувања, вели Ѓоргиев.

Тој наведува дека таков бил случајот со објавувањето на вториот протокол од Бугарија.

– Дваесет пати во делот за работата на историската комисија се употребува терминот „двете страни“, значи има 99 отсто реципроцитет во работата на Комисијата, вели копретседателот Ѓоргиев.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) МВР распиша меѓународна потерница за Раиф Мифтари, осомничен во случајот за лажните пасоши

Редакција

(Видео) Внукот на Ахмети ќе поседува 39% од „Соравиа„ за без пари

Редакција

Обвинителство се сомнева дека некој му дојавил на Мијалков за притворот

Редакција