еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Независно од ниската смртност, постои неизвесност од последиците и кумулативните оштетувања од реинфекции со Ковид-19

Продолжува намалувањето на преносливоста на вирусот, односно ефективниот репродукциски број Rt (на дијаграмот на првата слика), вели во најновата ковид-анализа проф. Дејан Трајковски.

„Со овој тренд на намалување врвот на епидемискиот бран би требало да настапи за околу 10 дена.

Следната недела ќе видиме повторно извесно зголемување на дневните броеви на нови случаи, додека по две недели би требало да стагнираат помеѓу 1.100-1.200, или можеби и да се намалуваат.

Наближувањето на врвот убаво се гледа на дијаграмот на дневниот број на случаи во полулогаритамски координати на втората слика.

Во секој случај, стотици случаи дневно ќе гледаме во текот на целиот месец август.

Леталитетот останува многу низок, од 0,5% до 0,7%, не многу повисок од леталитетот на грипот.

При ваков низок леталитет дневните броеви на починати би требало да останат едноцифрени до крајот на бранот.

Сепак, независно од нискиот леталитет, поради неизвесноста од последиците и особено кумулативниот карактер на оштетувањата, веќе научно докажани во светот, безгрижното заразување не е многу добра идеја.

Особено не треба да се гледа на масовното заразување во овој бран како на еден вид вакцинација со жива вакцина, што премолчено го одобруваат нашите здравствени власти.

Прво, заштитата што ја дава омикрон сојот е многу краткотрајна и истата не може да спречи ново избувнување околу Нова година. Второ, ниту едно заразување и заболување не е пријатно, така што е многу чудно ова безгрижно препуштање на неконтролирано заразување од страна на нашите власти.

Сведувањето на носењето маски во затворени простории на доброволна основа не е практично никаква мерка. Болеста е нова, па за поцелосно разбирање на нејзините долгорочни последици ќе треба да помине подолго време. Воопшто не е случајно што Кина се уште ја применува доктрината на нула ковид толеранција, иако таму е вакцинирано речиси целото население,“ пишува тој на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: За разлика од претходните бранови вирусот е помалку преносилив, најверојатно поради солидниот хибриден имунитет

Проф. Трајковски: Една третина од пациентите со продолжен ковид имаат абнормалности кај згрутчувањето на крвта, тоа не е мал ризик

Фото: Трајковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре променливо облачно и топло време

Редакција

Негативно мислење и за употреба на името „Цар Борис III“ во називот на бугарскиот клуб во Охрид

Редакција

Алкалоид ќе дели дивиденда повисока за 11,36%

Редакција