еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Алкалоид ќе дели дивиденда повисока за 11,36%

Алкалоид АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на 03.04.2023 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Македонија.

-Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на 02.03.2023 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2022 година во износ од 490 денари бруто односно 441 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 440 денари бруто односно 396 денари нето е поголема за 11,36%.

За исплатата на дивиденда и персонален данок на личен доход компанијата ќе издвои околу 700 милиони денари.

Исплатата на дивидендата ќе започне од 17.05.2023 година. Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциски сметки на акционерите, информираат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Алкалоид лани 187 нови вработувања и раст на инвестициите за 24%

Алкалоид лани со раст на приходите од 16% и на добивката од 12%

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Хероите од цртаните филмови денеска во акција на Клиниката за детски болести

Редакција

(Фото) Поставена првата паметна соларна клупа во Македонија

Редакција

Земјоделци и сточари наплатија над 5 милиони евра штети од осигурување

Редакција