еМагазин
Image default
Бизнис

Мермерен Комбинат лани со намалена добивка

Мермерен Комбинат АД Прилеп (“Друштвото”) за периодот од 1 јануари до 31 декември 2022 оствари приходи од продажба во износ од 1.872.249 илјади денари што претставува зголемување за 0.82% споредено со истиот период од изминатата година, информираат од Друштвото преку Македонската берза.

-Остварената оперативна добивка за периодот е во износ од 946.420 илјади денари споредено со остварената оперативна добивка за истиот период во 2021 година во износ од 1.011.112 илјади денари што претставува намалување за 6.40%.

EBITDA за периодот од 1 јануари до 31 декември 2022 година изнесува 1.082.871 илјади денари наспроти остварениот износ од 1.152.956 илјади денари истиот период од изминатата година, или намалување за 6.08%.

Крајниот резултат по оданочување е позитивен и изнесува 859.626 илјади денари наспроти остварената добивка за истиот период од минатата година од 911.863 илјади денари и покажува намалување за 5.73%.

Оперативните расходи изнесуваат 951.505 илјади денари и се повисоки за 8.41% во однос на истиот период од минатата година, велат од Друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мермерен комбинат со намалена добивка во првите шест месеци

Мермерен комбинат ќе дели дивиденда

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приходите на Комерцијална банка намалени за 12,4 отсто

Редакција

ТЕЦ Неготино ќе стартува со работа на почетокот на декември

Редакција

Министерство за образование и наука склучи договор со Хилдин комерц вреден 1,9 милион евра

Редакција