еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Една третина од пациентите со продолжен ковид имаат абнормалности кај згрутчувањето на крвта, тоа не е мал ризик

Одамна е познато дека акутната ковид инфекција го зголемува ризикот од згрутчување на крвта, односно појава на тромбови, пишува проф. Дејан Трајковски на неговиот Фејсбук профил.

„Меѓутоа, едно истражување на јужноафриканските научници (www.theguardian.com) сугерира дека пациентите со лонг ковид (т.е. со продолжен ковид, односно со долгорочни или хронични последици од ковид) имаат микрозгрутчувања на крвта, додека студиите од Велика Британија (ashpublications.org) тврдат дека речиси една третина од лонг ковид пациентите имаат абнормалности кај згрутчувањето на крвта.

Потребни се понатамошни студии на ефективноста на антикоагулантната терапија во лекувањето на лонг ковидот, но тоа што треба сите да го знаеме е дека дури и по прележувањето на ковидот можеби не сме сосема здрави.

Пореметување на згрутчувањето кај една третина прележани со постковид проблеми не е мал ризик,“ пишува тој на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Официјално во Македонија детектирана БА 5 варијантата на омикрон, присутна е во неколку градови

Минатата недела бројот на нови случаи со Ковид-19 пораснал за 62,9%

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има уште две фази до промена на Уставот, пак ќе бидат потребни 80 пратеници

Редакција

Проф.Трајковски со анализа за смртноста од Ковид-19: „Безмалку половина од оние кои биле во болница, починале“

Редакција

Избори на 14. јуни, предлага СДСМ и коалицијата „Можеме“

Редакција