еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Макпетрол лани со добивка и раст на приходите за 67,29%

И покрај сите предизвици, во текот на 2022 година Макпетрол АД Скопје оствари позитивни резултати, односно солиден раст на приходите и на добивката, информира компанијата преку Македонската берза.

-Во текот на 2022 година Макпетрол оствари вкупен приход во износ од 37,6 милијарди денари, кој е поголем од минатогодишниот за 15,13 милијарди денари, односно остварен е раст од 67,29%.

На квартално ниво, вкупните приходи во 2022 година бележат раст и ги надминуваат и предпандемските нивоа, во најголем дел поради зголемувањето на цените на нафтените деривати.

Во структурата на приходите, најголем удел со 98,79% имаат приходите од продажба, од кои 93,33% се остварени преку продажба на домашен пазар, а само 5,46% се остварени преку продажба на странски пазар.

Продажбата на странски пазар, односно извозот на млазното гориво, постепено се стабилизира со олабавувањето на ковид-рестрикциите за патување во втората половина на 2022 година.

Приходите од продажба, како на домашен така и на странски пазар, во најголем дел се остваруваат преку двете најзначајни функции, малопродажба и големопродажба.

Порастот на приходите, споредбено со минатата година, во најголем дел се должи на зголемените приходи на мало за 49,02%, а истите учествуваат со 74,59% во приходите од продажба. Трендот на пораст на приходите на мало во годината се должи на: зголемување на прометот со нафтени деривати на мало за 4,5% и зголемување на прометот на останатиот малопродажен асортиман (ДАС) за 37,17%.

Вкупните расходи остварени во 2022 година се во висина од 36,2 милијарди денари, што претставува зголемување во однос на минатата година за 15,24 милијарди денари или за 72,76%.

Порастот во најголем дел се должи на зголемените расходи за набавна вредност на трговски стоки од 79,52%. Набавната вредност го следи трендот на приходите од продажба, што е неминовно со оглед дека истата во апсолутен износ е дел од приходите од продажба, односно зафаќа околу 89% од приходите.

Расходите за набавна вредност на трговски стоки, односно набавните цени, се расходи врз кои Друштвото има лимитирано влијание. Истото се должи на регулирањето на најголем дел од набавните цени на нафтените деривати.

Доколку набавната цена на одреден дериват не е регулирана, истата зависи од комплетно екстерни глобални фактори и движења, како што се цените на нафтените деривати на светските берзи и курсот на денарот во однос на доларот.

Како резултат на остварените приходи и расходи, на крајот на годината Друштвото оствари позитивен финансиски резултат искажан преку добивка пред оданочување во износ од 1,41 милијарди денари, која е помала од остварената добивка минатата година кога изнесуваше 1,53 милијарди денари, велат од Друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макпетрол лани двапати ги зголемил платите на вработените

Макпетрол ќе набавува гас за март по цена од 60,10 евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 355 болни од Ковид-19

Редакција

Нови 1.198 нови случаи на Ковид-19 од 3.081 тестирања

Редакција

Владата објави список со актуелните „тајни хонорарци„

Редакција