еМагазин
Image default
Бизнис

Лотарија на Македонија со намалена добивка во првиот квартал

Лотарија на Македонија АД Скопје во првите три месеци од годинава оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех во износ 657 илјади денари, што претставува намалување за 58% споредбено со 2022 година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

-Остварените вкупни приходи за период 01.01.2023-31.03.2023 година, во висина од 6.804 илјади денари се намалени за 10% споредбено со остварените приходи во 2022 година.

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 99,58% имаат оперативните приходи, кои за овој период се намалени за 10% во однос на претходната година. Кај финансиските приходи кои се 0,42% од вкупните приходи има зголемување за 75% во однос на минатата година.

Пораст од 3% бележат вкупните расходи, кои за период јануари – март 2023 година изнесуваат 5.903 илјади денари. Оперативните расходи учествуваат со 100% во структурата на вкупните расходи, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На членовите на Одборот на директори на Лотарија на Македонија лани исплатени 1,7 милион денари

Стефан Станкоски избран за член на Одборот на директори на Лотарија на Македонија

Јасмина Цветаноска поднесе оставка од Одборот на директори на Лотарија на Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градежниот институт „Македонија“ сака да ја преземе „Фабрика Карпош“

Редакција

Македонската берза им изрече јавна опомена на четири компании

Редакција

САД ја зголемија вредноста на грантот за партнерство со Македонија од 8,2 милиони на 56,6 милиони долари

Редакција