еМагазин
Image default
Бизнис

НЛБ Банка со нови кредитни продукти за поддршка на конкурентноста и енергетската ефикасност

НЛБ Банка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) минатата недела потпишаа договор за финансиски пакет кој е составен од две кредитни линии во вкупна вредност од 8 милиони евра.

Овие нови кредитни линии се дел од Програмата за поддршка на конкурентноста и Програмата за финансирање на зелена економија (GEFF) и се наменети за правни и физички лица со цел да им обезбедат соодветната поддршка  за инвестиции за енергетската ефикасност и подобрување на конкурентноста.

Во рамки на кредитната линија за енергетска ефикасност која е наменета за физички лица, НЛБ Банка воведе два кредитни продукти за поддршка на инвестициите во зелени технологии и тоа: Енерго Потрошувачки кредит за енергетска ефикасност, на износ до 25.000 евра и Енерго Хипотекарен кредит за енергетска ефикасност, на износ до 50.000 евра.

Овие кредитни продукти се наменети за инвестиции во изведба или реновирање на куќа или стан, а со цел постигнување енергетска ефикасност и намалување на трошоците за електрична енергија.  Со овие кредитни продукти можат да се финансираат: енергетски ефикасни прозори и врати, топлинска изолација на надворешни ѕидови, под или кров, топлински пумпи, котли на биомаса или гас, фотоволтаични системи и слично.

Преку кредитната линија за правни лица Конкурентност +, НЛБ Банка овозможува  поддршка на конкурентноста на микро, малите и средни претпријатија (според ЕУ дефиниција). Инвестициите може да бидат исто така со сферата на енергетската ефикасност, но освен тоа подобни се и инвестиции во индустриски објекти кои ќе овозможат подобрување на производствените капацитети (опрема, софтвер), зајакнување на процесите и квалитетот на производите како и подобрување на конкурентноста и усогласеноста со техничките стандарди во согласност со ЕУ законодавството.

Како дополнителна придобивка на новите кредитни продукти е повратот на средства по успешно реализираните инвестиции, и тоа до 20% за физички лица и 15% за правните лица. Покрај ова правните лица ќе имаат можност и за консултантски услуги преку тим од локални и меѓународни експерти ангажирани од ЕБОР кои ќе овозможат бесплатно техничко советување, како и техничка помош во областа на одобрување и верификација на проектите.

Програмата за поддршка на конкурентноста е поддржна од ЕУ, додека Програмата за финанирање на зелена eкономија (GEFF) е поддржана од ЕУ, Австрија и Инвестициската програма за Западен Балкан.Сите дополнителни информации во врска со овие кредитни продукти клиентите можат да ги добијат на веб страницата на Банката, на телефон 02/15600 или во најблиската експозитура.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жито лукс ја зголеми добивката

Редакција

Крис Колбурн нов генерален директор на САСА

Редакција

Штетата до сега 9 милиони денари: Четврт ден блокиран железничкиот сообраќај

Редакција