еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица до крајот на декември

НЛБ Банка во периодот од 1.11.2021 до 31.12.2021 година подготви промотивнa кампања за сите кредити за физички лица. Ова е одличен момент за долгорочна инвестиција за клиентите кои се подготвени оваа есен да зачекорат во нова среќна приказна и сакаат да го преуредат домoт, да купат нов стан или куќа и да ги искористат поволностите на НЛБ потрошувачките или станбени кредити, информираат од Банката.

Имено за време на промотивниот период клиентите ќе можат да искористат низа придобивки и поволности, пришто сите кредити ќе бидат достапни без трошоци за одобрување, додека станбените и хипотекарните кредити ќе се одобруваат и без трошоци за проценка на имот.

Дополнително во овој период за секој НЛБ Потрошувачки кредит клиентите ќе добијат и бесплатна НЛБ Mastercard haPPy кредитна картичка.

Клиентите кои ќе се решат да купат нов стан или куќа ќе можат да ги искористат поволностите за НЛБ Станбените кредити со подолг рок на отплата до 35 години и фиксна каматна стапка до 10 години.

Како дополнителна поволност за станбените кредити е можноста за користење на бескаматен кредит за опремување на домот во соработка со Нептун Македонија.

За кредитните продукти на НЛБ Банка и за промотивната понуда можете да добиете повеќе информации на веб страницата на Банката: www.nlb.mk или на Контакт центарот на телефон: 02/15 600.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Амбасадорката на САД се вклучи во проектот на Пивара Скопје за доедукација на младите за нивно полесно вработување

Редакција

Проекција на филмот „1000 години сведок на светлината“ за Бигорски манастир во Рим

Редакција

(Галерија) „Мал Битолски Монмартр“ во Бигорски: Деца од цел свет ја цртаа архитектурата на манастирот

Редакција