еМагазин
Image default
Бизнис

НЛБ е првата овластена банка преку која ќе можете да тргувате со хартии од вредност на странските пазари

НЛБ Банка со задоволство ги известува своите клиенти – физички и правни лица дека после неколку месечни интензивни подготовки за првпат во Македoнија ја овозможува услугата тргување со хартии од вредност на странски пазари, информираат од Банката.

Со овој новитет, клиентите ќе можат да тргуваат со хартии од вредност на сите странски пазари, при што Банката ќе им обезбеди информации за настап на секој поединечен пазар како што се: информации за хартиите од вредност, трошоци за реализација на трансакциите, прием и пренос на налози за тргување и нивна реализација, чување на хартии од вредност-порамнување на реализираните трансакции и понатамошно водење на портфолиото.

 „Ни причинува огромно задоволство да ве известиме дека НЛБ Банка АД Скопје ја заокружи првата трансакција на Лондонската берза, со што стануваме првата банка во Македонија која по либерализација на капиталните текови е подготвена да прима налози и да тргува за сметка на своите клиенти на странските пазари.

Ова значи дека инвеститорите ќе имаат пристап до повеќе од 40 светски пазари на кои ќе можат слободно да купуваат и продаваат хартии од вредност“, изјави Јасмина Мојсиевска, директор на Деловниот сектор за финансиски пазари и средства.

Од НЛБ Банка, како што велат, тргувањето ќе се одвива по најповолни услови, а заинтересираните инвеститори ќе имаат пристап до светските берзи. При тоа, клиентите треба да ги имаат предвид и да ја почитуваат законската регулатива во Република Северна Македонија, вклучително и даночните обврски и обврските од законот за девизно работење.

За сите дополнителни информации заинтересираните клиенти можат да се обратат до Службата за услуги со хартии од вредност на телефон 5100 387 и преку електронската пошта [email protected].

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Годишен раст на зелените кредити од 26% во првиот квартал

Редакција

Русија ќе ја укине забраната за увоз на праски, откако ќе биде спроведена фитосанитарната истрага во Македонија

Редакција

Велешки Кристал 1923 со добивка во третиот квартал

Редакција